Со љубовта може да се потресе светот. Не веруваме во работи со кои можеме да полетаме. Но кога сакаш некого. Тогаш и болката од острилото е безначајна. Ја чувствуваш месечината како свети во срцето. Те чувствувам како сјаеш во мене. Затоа и го пишувам ова сега. Ќе бидам светот кој ќе те заштитува од снегот и дождот... ...од омразата и болката...
Ако ја направиме љубовта само за нас, барем мал дел, ќе направиме љубов за да простиме. Сега сум толку празен, како да се тркалам по бездна. Без тебе сум живот без надеж. А со тебе сум оган кој никогаш нема да згасне надвор од мене. Карпата која ме чуваше до тебе се урна. Без вина. Само прошепоти: „Во мене требаше да има верба“. Но немаше. Останав само како изгасната свеќа на која само и е потребен твојот глас. Кога ќе ме бакнеш, звукот на болката ми струи низ вениве. Бидејќи никогаш не се научив да живеам без тебе. Но штотуку болката почнува. Длабоко во мене, ништо не може да ме предомисли да не те сакам...
Ќе ги стрелам звездите без Сонцето. Ќе танцувам со тебе на залезот. Ќе трчам по бездните, но и ќе трчам по планината, и ќе се напијам од изворот на животот. Борбата со проклетите ќе биде само зрно од работите кои сум ги направил за тебе. Нема да се плашам од ништо. Оковите ќе бидат на моето тело, ножовите ќе бидат во мене, но само твоето чувство за тага кон мене ќе убие се.
Дете ќе скине цвет, во кој ќе биде нашата љубов. Додека го мириса цветот, ќе ги почувствува нашите усни кога биле заедно. И детето, во моментот кој ти го имаше со мене, ќе ја осети мојата болка, и мојот поглед додека ги затворав очите. Во одсјајот на моите очи ќе го виде твојот лик на кралица. И мојата крв.
Сеуште ја милувам твојата прегратка. Се што направив за тебе.... Се што ме уби... Оштрото копје ме раслече, бидејќи имав спомен во мојата рака. Во мојата рака беше дел од тебе. Жртвував се за да го задржам. Крпата со мојата крв, подарена од тебе. Но веќе се сетив на твојот бакнеж. Тогаш ги затворив очите и се предадов на болката. А сега веќе ме нема.
Крпата ја испуштив со мојот последен здив...
aj se gleame nekada pozz